Поголем е ризикот да се добие миокардитис од самиот коронавирус, отколку од вакцините

Фаучи не признал оти вакцините против ковид предизвикуваат миокардитис, туку напротив вели дека ризикот од вакцината кај младите мажи да добијат миокардитис е многу помал отколку ризикот да добијат миокардитис од коронавирусот. ЦДЦ…

Не е точно дека невакцинираните деца се поздрави од вакцинираните

Вакцинацијата кај децата помага да се намали ризикот од потенцијално опасни болести како полио на пример. Големи студии немаат најдено поголема инциденца на несакани здравствени исходи кај вакцинираните деца споредено со невакцинираните.…

Лага е дека вакцинираните деца ја губеле интелигенцијата

Имајќи ги предвид сите истражувања и факти, никако не може да се изведе заклучок дека децата не треба да се вакцинираат или дека невакцинираните деца се попаметни од вакцинираните. Вакви манипулативни објави кои што се дел од една поширока…

Објавата шири измислици дека 5Г кулите активираат болести кај вакцинираните луѓе

Наспроти изнесеното во оваа објава на Фејсбук, во ковид вакцините нема нешто што може да биде активирано од 5Г мрежата и да предизвика  болести во телото на вакцинираните. Ваквиот наратив е подготвен со цел креирање паника кај вакцинираните…

Нанотехнологијата, 5Г мрежата и графен оксидот немаат никаква поврзаност со вакцините

Објавата изнесува низа теории на заговор и непотврдени факти во врска со вакцините и нивниот состав. Вакцините не содржат графен оксид, ниту пак, графен оксид или некаква нанотехнологија која генетски ќе го модифицира човекот за тој да биде…

Вработените во „Фајзер“ ги добиле истите вакцини со истиот состав, само од различна серија

Во постот наменски е прикажан само краток фрагмент - виедоматеријал од 20 секунди, со којшто се креира погрешна слика за вакцините. Од целосниот контекст на прашањето и одговорот кои може да се видат на оригиналното видео, јасно е дека…

Нема линк меѓу ХААРП програмата, коронавирусот, вакцините и климатските промени

Постот произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна, дека вакцините биле смртоносни и дека климатските промени се лажни, односно се прават со помош на системот ХААРП. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки…

Информацијата за редок несакан ефект (миокардитис) од ковид вакцините е јавно достапна информација

Во постот се прави обид информацијата за постоење на редок несакан ефект на миокардитис и перикардитис после примањето на  ковид вакцината на „Фајзер“, да се претстави како некаква добро чувана тајна, па уште и се прикажува како нешто што…

Несаканите ефекти кај децата вакцинирани против ковид се благи и минливи

Во овој пост се пропушта контекстот, бидејќи иако е точно дека 86 проценти од децата имале пријавени несакани реакции, сепак, тие се благи, односно се однесуваат на локални реакции и на болка во местото на инјектирање. Но, ова во постот се…

Објектот на „Фајзер,“ погоден од торнадо, не е во Калифорнија и не произведува ковид вакцини

Силното торнадо ја погоди Северна Каролина, а не Калифорнија, како што невистинито се тврди во оваа објава на Фејсбук. Во невремето не е комплетно уништена фабрика на „Фајзер“, туку  е оштетен магацин за специфични лекови кои се даваат на…

Амишите се вакцинираат и не се поштедени од канцер или аутизам

Стив Кирш, кој говори во видеото од постот, самиот за Асошиејтед Прес кажал дека за неговото излагање пред сенатот во Пенсилванија немал најдено какви било медицински студии, туку само го кажал своето лично искуство дека меѓу Амишите не…

Од студија со двајца учесници не може да се тврди дека ковид вакцините предизвикуваат мултиплекс…

Според СЗО, не постои конклузивен линк меѓу мултиплекс склероза и вакцинација против ковид-19. „Премногу е рано да се извлекуваат заклучоци од оваа студија бидејќи студиите за контрола на случај не утврдуваат каузалност, туку воспоставуваат…

Не е точно дека не постојат аутистични деца кои не се вакцинирани

Не постојат докази кои го поврзуваат појавувањето на аутизам кај децата и вакцините. Истражувањата покажуваат дека децата со аутизам и нивните браќа и сестри примиле помалку вакцини во споредба со остатокот од земјата или воопшто не биле…

„Фајзер“ нема патент за далечинско следење контакти на вакцинирани лица

Патентот е регистриран од двајца пронаоѓачи, Гал Ерлих и Маер Фенстер, а не од „Фајзер“ и тоа може да се види на линкот кој постот го споделува. Портпаролот на „Фајзер“ во изјава за Ју-ес-еј тудеј потврдил дека компанијата нема регистрирано…

Не е точно дека Јапонија покренува истрага против ковид-вакцините поради милиони смртни случаи

Ниту има докази за милиони смртни случаи, ниту пак, некаде има официјална вест за покренување некаква истрага против вакцините. Според СЗО, до крајот на ноември 2022 година во Јапонија биле администрирани над 349,2 милиони дози вакцини…

ЕМА не издала предупредување дека ковид вакцините предизвикуваат спонтан абортус

ЕМА соопшти дека открила докази кои покажуваат дека тешко менструално крварење може да се случи по вакцинацијата против ковид, заклучувајќи дека постои „разумна можност“ вакцините да го предизвикаат

Погрешна интерпретација на апстракт за врска меѓу мултиплекс склероза и вакцините против ковид

СЗО предупредува дека истражувањето е ограничено и дополнителни студии се потребни за да се потврдат или негираат заклучоците. Се работи за апстракт од само 2 случаи, тоа не е потврдено и рецензирано истражување и не е документ кој бил…

Ниту науката потврдила негативни ефекти од вакцините, ниту имало Трет самит за Ковид

Ниту е вистина дека науката ги потврдила негативните ефекти од вакцините против ковид, ниту е вистина дека бил одржан Трет меѓународен самит за ковид 19 во Брисел. Она што се случило е собир од неколку пратеници на Европскиот парламент на…