Категорија...

Исполнето

ВМРО-ДПМНЕ: Соработка помеѓу образовни институции и стопански комори

Ќе оствариме тесна соработка меѓу образовните институции и стопанските комори и работодавачите. Целта е образовниот процес да произведува кадар во согласност со потребите на работодавачите.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за производство на грозје и вино

Грозје и вино: директна поддршка за подигање на нови насади и замена на старите насади на квалитетно грозје барано на пазарот, зголемување на производството на квалитетно вино и извозот на флаширано наспроти наливно вино.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка на производство на житарици

Пченица и останати жита: директна поддршка на сите производители на краток рок со мерки за зголемување на приносите во региони со компаративни предности за производство на житарици и мерки за воведување на алтернативно производство во…

ВМРО-ДПМНЕ: Закон за биомедицинско оплодување

Закон за биомедицинско (потпомогнато) оплодување да имаат свое дете. На секое семејство осигуреник, кое ќе има потреба од вештачко оплодување, ФЗО ќе ги покрие трошоците за првите три обиди. Притоа, нема да дозволиме дискриминација во однос…

ВМРО-ДПМНЕ: Реновирање и опремување на судови

За натамошно подобрување на судската инфраструктура во периодот 2008-2011 година ќе преземеме активности за реновирање и опремување на 11 основни судови со проширена надлежност. Образложение: Реализирани се активности во насока на…

ВМРО-ДПМНЕ: Каматна стапка

Каматната стапка за крајните корисници на средствата од ЗКФ пласирани преку деловните банки ќе биде субвенционирана од државата, за да биде на што пониско ниво за крајните корисници. Така, таа ќе изнесува 4% на годишно ниво за примарно…

ВМРО-ДПМНЕ: Закон за бесплатна правна помош

Ќе донесеме Закон за бесплатна правна помош во кој ќе бидат вградени сите меѓународни стандарди во оваа област со цел обезбедување на еднаков и подобар пристап до правдата на граѓаните кои имаат слаба материјална состојба;

ВМРО-ДПМНЕ: Закон за судска служба

Ќе биде донесен Законот за судска служба, во кој се регулира материјата за правата, обврските и за статусот на судската администрација, како и прашањата поврзани со посебниот статус и платите на судските служби;

ВМРО-ДПМНЕ: Прирачници за наставници

Ќе го интензивираме издавањето прирачници за наставниците, брошури за учениците и за родителите дидактички материјали за наставата и друга стручна литература за поддршка на реформите во предучилишното, основното и во средното образование.

ВМРО-ДПМНЕ: Посебно Основно јавно обвинителство за борба против организиран криминал и корупција

Ќе формираме посебно Основно јавно обвинителство за борба против организиран криминал и корупција; ќе се конституира Советот на јавни обвинители, со што ќе се обезбедат ефикасни услови за избор на јавните обвинители; ќе извршиме скенирање…

ВМРО-ДПМНЕ: Печатар за Брајова азбука

Ќе набавиме печатар за Брајова азбука за потребите на Државното училиште за реха-билитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, на кои ќе им бидат достапни поголем број литературни дела и ќе им биде олеснет…

ВМРО-ДПМНЕ: Закон за управување со конфискуван имот

Ќе донесеме Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка со што ќе создадеме ефикасни услови за управувањето со конфискуваниот имот (рок декември 2008 година)