Категорија...

Ветувања 2011

ВМРО-ДПМНЕ: Кредити за вработување

Проектот предвидува доделување на кредитни средства од 3 .000 евра за едно работно место на невработени лица кои се заинтересирани да почнат сопствен бизнис, со можност за здружување на најмногу 5 лица. Рок: континуирано 2008-2012 година

ДУИ: Поголеми овластувања на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор

Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор ќе има поголеми овластувања за да ги санционира министерствата, агенциите и другите управни органи во случаите кога тие не ја спроведуваат уставната одредба за правична застапеност.

ДУИ: Фер и еднаков однос кон сите квалификувани за работни места во јавната и државна администрација

Демократската Унија за Интеграција нема да спроведува партиски реваншизам и ќе се ангажира за фер и еднаков однос кон сите квалификувани за работни места во јавната и државна администрација.

ДУИ: Нов факултет за информатичка технологија и телекомуникации

Отворање на Факултетот за информатичка технологија и телекомуникации во една од универзитетите (УЈЕ и ДУТ) или формирање на независен институт на албански јазик. Оваа институција ќе содржи најмалку две гранки: Одделение за

ВМРО-ДПМНЕ: Програма за имплементација на меѓународно хуманитарно право

Заради ефикасна имплементација на меѓународното хуманитарно право ќе донесеме Програма за имплементација на меѓународно хуманитарно право во законодавството на РМ. Рок: декември 2008.